Ракометарите на Охрид славеа убедлива победа во дербито на колото против екипата на Тиквеш со високи пет голови разлика.
Што се однесува до натпреварот тој помина во целосна доминација на охриѓани.
Охридската екипа и Тиквеш само на стартот од натпреварот играа изедначено, разликата цело време беше еден до два гола, а пред крајот на првиот дел, резултатот беше 12-10 меѓутоа домашната екипа сепак на паузата замина со плус четири голови разлика (15-11).
Што се однесува до второто полувреме, Тиквеш во ниту еден момент не се ни доближи посериозно до охридскиот тим, напротив пред крајот охриѓани ја имаа и највисоката разлика која изнесуваше дури девет голови.
И кога се очекуваше вистинска хаварија на гостинската екипа охриѓани задоволни од високото водство малку се олабавија тоа го искористија гостите меѓутоа само намалија на за нив подносливи пет голови разлика.
Најдобар стрелец кај охриѓани беше Гал Цицар со девет гола, а Теимураз Орјоникидзе даде осум гола, додека Деан Шешиќ – седум голови.
Кај Тиквеш, Никола Стефановиќ даде седум, пред Манасков, Симиќ и Обина со по пет гола.
Во последните две кола Тиквеш игра со Скопје (гости) и Алкалоид (дома), додека Охрид се среќава со Аеродром (гости) и Скопје (дома).
Со оглед на ваквиот распоред ако охриѓани забележат две победи, а тоа е за очекување, а Тиквеш загуби еден натпревар а игра со фаворитот Алкалоид тогаш охриѓани ќе го освојат второто место во групата со оглед на тоа што во меѓусебните натпревари охриѓани имаат подобра гол разлика.
И Арсеноски, Ohrids Sport
Публицитет.мк