За фотографија на неделата се одлучивме да биде фотката на Димче Коруноски од Охрид. Тој со нeа доби награда на Меѓународната изложба на фотографии „Православие на Интернет“, организиранa од здружението „Беофото“ од Беочин, Република Србија.
Неговата фотографија насловена „Бог се јави“ направена е на охридското пристаниште за празникот Богојавление – Водици и е избрана за најдобра во конкуренција на 564 поединечни фотографии создадени од 126 автори од девет земји: Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Полска, Русија, Австралија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија.
Извор на фото: beofoto.rs
Публицитет.мк