Владимир Наумовски од Охрид, живее во Њујорк
Убаво е да се обележат сите родендени, годишнини, и други важни настани во нашите животи. Убавите спомени ни даваат поттик за понатамошни успеси и потсетување за постигнатото.
Наместо носталгија спомените ми носат желба за повторни видувања и нови средби со моите роднини и пријатели во Охрид. Охрид е неповторлив уникатен секогаш во моето срце.
Мојот стил е родендените да ги прославам скромно и без голема помпа, во кругот на најблиските. Возраста е само број важно е да се чувствуваме млади, полни со енергија, елан и оптимизам. Ова се најдобрите години, да уживаме во сегашноста без грижи за иднина, без жалење за минатото.
Со сопругата Славица, моите деца Анастасиа, Никола и Софиа, во 2023 во Њујорк со добра џез музика, македонско вино и софра и со желби за скоро видување, нови патувања, нови насмевки и прослави.
Благодарам за вниманието Публицитет !
Публицитет.мк