Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши испитување на Хепатитис Б и Ц.
Вирусите на хепатитис Б и Ц (ХБВ и ХЦВ) се пренесуваат преку директен контакт со заразена личност.
Кај лица со хронична ХБВ инфекција ризикот од предвремена смрт поради цироза или црнодробен канцер е 15-25%.
Кај 80% лица со хронична инфекција со хепатитис Ц постои опасност за развој на цироза и црнодробен карцином.
Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши откривање на хепатитис Б (ХБВ) и хепатитис Ц (ХЦВ) со најсовремени молекуларни и генетски анализи, а со цел рана навремена дијагноза.