Охриѓани загубија уште еден дерби натпревар трет по ред, и тоа од првите три пласирани екипи во Втората лига, првите два дерби натпревари со Пелистер и Беса на домашен терен, а и овој денешниот во гости против моментално второпласираниот Детонит.
И на овој натпревар охриѓани ја покажаа старата болка, а тоа е неефикасноста, имено иако како и на некои останати натпревари охриѓани имаат и создаваат шанси меѓутоа едноставно фали човек кој ќе реализира барем една од повеќето создадени шанси или полушанси, и кога е така, кога нема реализација се знае поразот е неминовен.
Така беше и на денешниот натпревар иако на терен се водеше рамноправна игра, домашните искористија едно невнимание во охридската одбрана и од создадената гужва пред голот на Серафимов на почетокот од второто полувреме домашните дојдоа во водство од 1-0 што на крај се испостави како гол кој на домашните на крај им донесе важни три бода во борбата за влез во Првата лига.
После водството на домашните, охриѓани тргнаа во почести напади со цел да изедначат, но како што рековме сето тоа беа јалови напади без завршница, тоа домашните на моменти го користеа, и со контранапади се обидуваа да ја обезбедат победата, но на крајот сепак резултатот од 1-0 остана непроменет.
Како што рековме и на овој натпревар охриѓани иако имаа лесна теренска иницијатива создаваа шанси но какво фајде од сето тоа кога нема гол реализација.