На 5.март 2025 година, училиштето „Јахја Кемал“ – Струга го организираше првиот натпревар FirSTep, кој се одржа за прв пат во Струга. Натпреварот беше организиран преку изложуање и објаснување на проекти од различни области. На истиот учествуваа ученици од основно и средно образование, кои се натпреваруваа со околу 100 иновативни проекти.
Целта на натпреварот беше да се охрабрат учениците да развиваат креативност, тимска работа и да демонстрираат свои решенија за актуелни проблеми преку различни проекти. Учениците имаа можност да се претстават во широк спектар на теми, вклучувајќи наука, технологија, еколошки проблеми, социјални иновации и многу други.

Победниците кои го освоија првото место се квалификуваа за Global Round во Скопје, каде што ќе се натпреваруваат со ученици од истоименото учлиште во Тетово и Скопје.

Овој успех е само првиот чекор за нашите млади таленти. Победниците од скопскиот глобален натпревар ќе имаат чест да ја претставуваат Македонија на меѓународниот FirSTep натпревар во Романија, кој ќе се одржи во текот на летото.

Натпреварот FirSTep може да биде успешен начин за поддршка на учениците во нивниот развој и да ги подготви за предизвиците на иднината.

Училиштето „Јахја Кемал“ останува посветено на создавање на нови можности за младите и ќе продолжи да ги поддржува во нивните напори за успех. Честитки на победниците и многу среќа на патот кон Романија!
Публицитет.мк