Охридските кошаркари во Скопје славеа вредна победа против екипата на Феникс 2010.
Уште од првата минута охридските кошаркари наметнаа пеколно темпо а домашните кошаркари беа во постојана негатива.
Се чини дека охриѓани кој на овој натпревар важеа за аутсајдер, сепак на домаќините им одржаа вистински час по модерна кошарка, и уште во првата четвртина би рекле четвртина за паметење направија огромна разлика кога постигнаа дури 39 коша, разлика која се чини не беше достижна за домашната екипа.
Домашните кошаркари само во последната четвртина успеаа да се доближат на минус четири но тоа беше се’, охридската екипа до самиот крај успеа да ја задржи присебноста и не дозволи никакво изненадување за евеунтален пресврт.
Американецот Андерсон се приклучи на листата кошаркари со трипл-дабл оваа сезона откако реализираше 23 поени, 10 скока и 10 асистенции, 22 поени постигна Лајонс, а 18 Димовски.
Кај домашната екипа најефикасни беа Трајковски со 26 и Рис со 15 поени.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк