Во финалниот натпревар од групата 4, екипата на ГРК Охрид се надеваше дека ќе може да направи уште еден чекор напред кон своето ново појавување меѓу најдобрите од Купот, па дури и да се надева дека токму пред своја публика ќе го брка првиот Куп трофеј.
Меѓутоа на тој пат на охриѓани им застана актуелниот шампион на Македонија екипата на Еурофарм Пелистер.
Гостите во текот на целиот натпревар го одржуваа стекнатото водство, а охриѓани само четирипати, и тоа на почеток на средбата успеаја да израмнат, 1:1 и 2:2, потоа на 9:9 и 10:10, и тоа беше се’.
Охриѓани иако се трудеа и не можеа повеќе бидејќи битолчани особено во второто полувреме заиграа мошне добро и пред се’ ефикасно,
Згора над сето тоа битолчани на голот го имаа и одличниот голман кој со своите одбрани беше и еден од најзаслужните за успехот на својата екипа.
Секако за одбележување е и тоа што охриѓани ако не правеа многу грешки во нападот а и ако беа малку попрецизни во клучните моменти, можеби и можеа да се надеваат на поповолен резултат.
Цирар со 6 и Јукиќ со 6 гола беа најефикасни кај Охрид, додека Кузмановски кај Пелистер постигна 8.
ГРК Охрид:
Ѓорѓески, Ојлески 2, Андоновски, Мацуока, Јукиќ 5, Стоилевски, Дрогришки, Пелидија 2, Шипинкоски, Ристевски, Тасески 1, Шафранко 3, Крстевски 1, Орјоникидѕе 3, Бојаниќ 2, Цирар 6.
РК Пелистер:
Лесјак, Манасков 4, Нејц 3, Ц. Кузманоски, Тајник 3, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 7, Кузмановски 8, Кхалифа, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Андреевич 2, Пешевски 3, Павле Атанасијевиќ, Руди Сери.
И.Арсеноски