al palpojo 2020

Актуелно

17 Март 2023

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст - Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува во текот на секоја година. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст - Охрид и службите за трансфузиона медицина, со организирањето на крводарителски акции во текот на целата година, се задоволуваат  потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.

04 Март 2023

Во Владата на Република Северна Македонија се одржа координативен состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Темата на средбата беа безбедносните мерки кои се преземаат од страна на институциите во врска со справувањето со хибридните закани.

28 Февруари 2023
Владата на Република Северна Македонија ја одржа 132-та седница.
20 Февруари 2023

Локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ на 24 та седница на Советот на општина Охрид од советниците бара согласност за измени на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година. Во услови на глобална економска и енергетска криза локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ си дозволува луксуз да побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници наспроти испразнатите 4 места по основ на пензионирања, рече денеска на прес Јован Крлев, портпаролот на СДСМ Охрид . 

18 Февруари 2023
Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо.
13 Февруари 2023

Дебарско - кичевската епархија во името на солидарноста и хуманоста, упати  Јавен повик до целата охридска јавност, политичките партии, бизнис заедницата, граѓански здруженија, невладини организации, ИВЗ, да се приклучат кон повикот за помагање на настраданото население во Сирија и Турција.

04 Февруари 2023
Владино-државна делегација денеска присуствуваше на одбележувањето на 4-ти февруари - денот на раѓањето на великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.
16 Јануари 2023

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, на прес-конференција, ја презентираше реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година. Премиерот Ковачевски посочи дека во минатата година има највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра.

31 Декември 2022

Жителите на Киритимати, атол кој припаѓа на архипелагот Кирибати, први во светот ја дочекаа новата 2023 година во 11 часот според средноевропско време.

24 Декември 2022

Селата Едеклерци, Јамуларци, Липов Дол, Скандалци, Сушево, Топлик, Хаџи-Реџепли, Шопур се места во кои одамна не се слуша детскиот џагор. Во дури 218 населени места има помалку од 10 жители.

Страница 1 од 173
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter