al palpojo 2020

Актуелно

04 Февруари 2024

Во современото живеење сајбер криминалот претставува опасност за општеството. Поради тоа од огромно значење е да се едуцираат кадри, коишто ќе нудат современи решенија за да се заштитат државните институции, но и другите сегменти на државата. Уште позначајно е велат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ од Охрид е да изработуваме сопствени решенија за одбрана, бидејќи готовите на светскиот пазар се прескапи…

Сајбер криминалот претставува сериозна закана за безбедноста на информационите системи и мрежи кои се од круцијално значење за државата. Овој вид криминал го напаѓа секој сегмент на општеството заради што е многу важно да создаваме кадри коишто со интелигентни и модерни решенија ќе го намалат тој ризик.

„Хакери да, ама етички хакери, односно како би ги обучиле кадрите да се справат со современите ризици од напади и како би извршиле одбрана на системите, не само во нашата држава и регионот. Практично да имплементираме решенија заеднички со надлежните институции во нашата држава, Министерството за информатичко општество и администрација“, изјави проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проректор на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид.

На Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од 2011-та година се образоваат кадри кои во соработка со универзитети од САД нудат сопствени решенија за одбрана од сајбер криминал, бидејќи готовите на пазарот се прескапи.

„Знаете, 100 проценти безбедност нема. Со тоа го почнувам секој час со моите драги студенти. Се трудиме и одиме во добра насока на подобрување на системите со имплементирање на креативни решенија, баш со имплементирање на сопствени кодови коишто ги програмираме“, додава проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проректор на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид.

Охрабрува тоа што имаме одлични млади програмери со широки познавања од другите области, вели Речкоска Шикоска.

Поради тоа професорите им даваат огромна поддршка за нивните иновативни решенија, бидејќи тие добиваат на важност доколку се применливи во повеќе сфери од секојдневното живеење.

Извор: www.mrt.com.mk

Автор: Сашо Нелоски

Публицитет.мк 

16 Јануари 2024

Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.

26 Декември 2023

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна банка, Кире Наумов, се обратија на прес-конференција за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата.На прес-конференцијата присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

08 Декември 2023

Денеска оддаваме почит и го славиме делото на Свети Климент, создавачот на првиот универзитет на Балканот со огромен придонес за македонската писменост, јазик, идентитет, изјави на прес во Скопје пратеничката Жаклина Лазаревска. 

29 Ноември 2023

Ако се ценат најавите и резервациите во помалите хотели долж охридското крајбрежје Охрид за Нова година ќе биде полн со туристи. Дел од нив се веќе распродадени, додека поголемите хотелски објекти иако има интерес ќе треба подолго време за да ги исполнат своите капацитети. Покрај домашните гости новата 2024 година во Охрид ќе ја дочекаат главно домашни и гости од регионот.

25 Ноември 2023

Снегот  ги донесе првите проблеми на патиштата и создаде зимски услови, иако зимата календарски не е стигната. АМСМ  излезе со следново соопштение: 

19 Ноември 2023

Северна Македонија ќе добие позајмици и кредити вредни 4 милијарди евра за да ги затвори РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и да се насочи кон обновливи извори на енергија. Одлуката ќе биде соопштена на Климатскиот самит во Дубаи.

09 Ноември 2023

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на УНЕСКО, рече дека најважен интерес е да се заштити природното и културно добро.

19 Октомври 2023

Денес, во Амфитеатарот на Деканатот на Мадицински факултет по повод Националните денови на МС, ки веќе традиционално се случуваа петта година, Националното здружение за мултиплa Склероза (МС) во соработка со Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА), организираше едукативен интерактивен настан со цел да се подигне свеста и интересот на идните доктори за оваа болест и приближување до искуствата што ги преживуваат пациентите со МС.

15 Октомври 2023

Според истражувањата, кај 29,2 отсто од младите во Северна Македонија се регистрирани клинички симптоми на депресија, а кај 23,7 отсто - анксиозност. Загрижувачки податоци на Клиниката за психијатрија.

Страница 1 од 176
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter