Актуелно
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за МИА зборува за неопходноста од освојување на уставните измени. Посочува дека нови условувања за Северна Македонија по исполнувањето на договореното нема да има. Вакви пораки до нашата земја стигнаа и од меѓународната заедница, кои прецизно и отворено кажаа дека по уставните измени нема нови барања надвор од Преговарачката рамка.
Македонските граѓани денеска прославуваат 120 години од започнувањето на Илинденското востание прогласувањето на Крушевската Република како и 79 години од Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на македонската државност.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов официјално го потпишаа Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор.
Изворите Свети Наум во центарот на вниманието на домашната и светска научна јавност: откриени се два нови видови полжави.
Статистичките податоци покажуваат дека Македонија е во длабока демографска старост. Алармот е одамна вклучен - младите заминуваат, училиштата се празнат, нема кој да работи, вели статистичарот Дончо Герасимовски.
Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, денес, 19-ти јуни, на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници кои дојдоа од Белград, притоа одбележувајќи го обновувањето на авиолинијата Белград-Охрид-Белград на Ер Србија.
Охрид, 24 мај 2023 (МИА) - Република Северна Македонија е мостот што им е потребен на Западниот Балкан и на Европа денес, во надминувањето на сложените предизвици на денешницата, истакна премиерот Димитар Ковачевски, на централната свеченост по повод одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј што денеска се одржа на Плаошник.
Во рамки на Меѓународната недела на сестринството, 5 мај Меѓународен ден на акушерките и 12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, 09 мај се одбележува како Меѓународен ден на студентите по сестринство.
Иако сè уште има долгови охридската Општа болница конечно ја одблокира својата сметка. Тоа е добра вест за охриѓани, но и пред туристичката сезона, бидејќи се работи за здравствена институција во којашто преку летото се лекуваат и поголем број странски туристи. Охрабрува и веста дека започна да се решава проблемот со недостиг на лекари специјалисти...
Во врска со одржувањето на јубилејна, 50-та по ред, Европска регионална конференција на Интерпол – најголемата светска полициска организација, во која членуваат 195 земји од светот, што од 08 до 11 овој месец, ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид, презема соодветни безбедносни мерки.