al palpojo 2020

Актуелно

20 Февруари 2023

Локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ на 24 та седница на Советот на општина Охрид од советниците бара согласност за измени на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година. Во услови на глобална економска и енергетска криза локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ си дозволува луксуз да побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници наспроти испразнатите 4 места по основ на пензионирања, рече денеска на прес Јован Крлев, портпаролот на СДСМ Охрид . 

18 Февруари 2023
Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо.
13 Февруари 2023

Дебарско - кичевската епархија во името на солидарноста и хуманоста, упати  Јавен повик до целата охридска јавност, политичките партии, бизнис заедницата, граѓански здруженија, невладини организации, ИВЗ, да се приклучат кон повикот за помагање на настраданото население во Сирија и Турција.

04 Февруари 2023
Владино-државна делегација денеска присуствуваше на одбележувањето на 4-ти февруари - денот на раѓањето на великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.
16 Јануари 2023

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, на прес-конференција, ја презентираше реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година. Премиерот Ковачевски посочи дека во минатата година има највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра.

31 Декември 2022

Жителите на Киритимати, атол кој припаѓа на архипелагот Кирибати, први во светот ја дочекаа новата 2023 година во 11 часот според средноевропско време.

24 Декември 2022

Селата Едеклерци, Јамуларци, Липов Дол, Скандалци, Сушево, Топлик, Хаџи-Реџепли, Шопур се места во кои одамна не се слуша детскиот џагор. Во дури 218 населени места има помалку од 10 жители.

21 Декември 2022

Министерството за транспорт и врски го објави јавниот повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година. На прес конференција, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ги презентираше критериумите наведени во јавниот повик.

11 Декември 2022

„Досега со секоја преземена мерка соодветно одговоривме на секој предизвик, и во следниот период будно ќе ја следиме состојбата, навремено ќе носиме мерки за заштита на животниот стандард, за економијата“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во денешното интервју за Медиумската информативна агенција - МИА.

06 Декември 2022

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан - Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан присуствуваше на потпишување на договор за пониски роаминг цени. Со овој договор од идната 2023 година Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија.

Страница 4 од 176
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter