al palpojo 2020

Актуелно

14 Ноември 2022
На заедничка прес-конференција премиерите на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска уште еднаш ги повторија ставовите на владите на двете земји за проевропските политики, добрососедство и соработка која ќе придонесе за развој на целиот регион.
07 Ноември 2022

Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија за денешната лидерска средба со претседателите на парламентарните партии истакна дека истата протече во демократска атмосфера.

25 Октомври 2022

Анализите коишто ги направиле надлежните институции превагнале во корист на менување на летното во зимско сметање на времето. Ноќта меѓу 29 и 30 октомври стрелките на часовниците треба да се поместат еден час наназад.

19 Октомври 2022

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата во Абу Даби, оствари средба со Џамал Саиф Ал Џарван, генерален секретар на Меѓународниот совет на инвеститори на Обединетите Арапски Емирати (UAEIIC).

12 Октомври 2022
На средба во Владата на Република Северна Македонија денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски.
11 Октомври 2022
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на државниот празник Денот на народното востание- 11-ти Октомври, денеска во Куманово на Спомен- костурницата присуствуваше и говореше на свечениот настан под слоганот „Секогаш на вистинската страна“.
09 Октомври 2022

Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза, оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно, порача на денешната прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Премиерот Ковачевски го презентираше новиот пакет антикризни мерки во вредност од над 350 милиони евра.

06 Октомври 2022

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 87-ма седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

04 Октомври 2022

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, со цел обезбедување топлинска енергија во Скопје, донесе одлука со којашто на ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје му се наметнува обврската за обезбедување на оваа јавна услуга. Обврската на ЕСМ ДООЕЛ Скопје се однесува на вршење енергетска дејност: регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на градот Скопје и тоа за подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир, како и за обезбедување топлинска енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребните работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија за овие делови од Град Скопје.

28 Септември 2022
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на вонредната прес-конференција ги соопшти одлуките кои вечерва беа донесени на Економско-енергетскиот совет, а во насока на стабилно обезбедување на топлинска и електрична енергија.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски:
Страница 5 од 176
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter