Актуелно
Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска на прес-конференција информираа за сет на препораки мерки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија кои што на денешната седница ги усвои Владата на предлог на Министерството за економија.
Преполни чаршии, кафулиња и рестораните, а се бара и кревет повеќе во хотелските и во кај приватните сместувачки капацитети. Слична е слика и на плажите. Охрид и Струга го живеат шпицот на туристичката сезона. Пред Илинденскиот викенд по традиција ги наполни двата езерски града.
Ставот на Владата е конзистентен, а тоа е дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме, што значи дека нашиот јазик е заштитен, изјави денеска во Охрид министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
По 17 години кандидатски статус, Македонија денеска во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. „Подготвени сме за ЕУ“, порача премиерот Димитар Ковачевски.
Со 68 гласови „за“ и без „против“ и „воздржани“, македонскиот парламент ги усвои предложените заклучоци за францускиот предлог. Гласањето се одвиваше без пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, кои ја напуштија салата.
Пред точно 7 години ( кога ли летнаа?) на денешен ден во 12:15 напладне и официјално беше објавена првата вест на штотуку „родениот“ веб портал Публицитет.мк а се однесува на тоа дека сме почнале.
Извонредните вокални гласови на италијанските тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија и под диригентската палка на Лоренцо Бицари вчеравечер на Античкиот театар го означија почетокот на 62-ро „Охридско лето“ .
Утре напладне со почеток во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност.
Денеска од НАТО самитот во Мадрид францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес изјави дека е најдено компромисно решение за спорот меѓу Бугарија и Македонија.