Актуелно
За една или најмногу две недели се очекува парламентот да ги донесе измените и дополнувањата на законот за трговија со што на трговците на големо и мало во туристичките центри ќе им биде дозволена работа во недела. И, додека трговците изразуваат задоволство од новото законско решение, од Сојузот на синдикатите на Македонија остро реагираат и бараат доследно почитување на Законот за трговија и Законот за работни односи, уште повеќе поради тоа што измените и дополнувањата ќе се носат без социјален дијалог...
Автопатската делница од Кичево до Охрид е врвен приоритет и не прифаќам никакво пролонгирање, нема повеќе калкулации и рокот мора да биде испочитуван, истакна министерот Бочварски кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на Поделница 5 од автопатот Кичево – Охрид, кај населеното место Горенци.
Според премиерот, европската интеграција на Северна Македонија и Албанија е заложник на Софија. Сакаме достоинствено решение, а не уцени - порача тој.
На овој начин се реши спорот кој датира од 1967 година, кога Македонска православна црква се одвои од Српската православна црква.
Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“, која се реализира од втори до дваесетти мај на армискиот полигон „Криволак“, а чиј домаќин е Република Северна Македонија.
Блиску сме до целта за автокефалност на Македонската православна црква, оцени Синодот по признавањето на Охридската Архиепископија за канонска. Продолжуваат разговорите со Српската православна црква...
„Ова е историски чин за нашата црква“, вели верскиот аналитичар Бранко Ѓоргевски. Оваа одлука не значи томос за автокефалност, туку објава дека црквата повеќе не е во раскол со православниот свет.
Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 на темата околу заострувањето на реториката и на македонска и на бугарска страна по отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, истакна дека по прашање на унапредување на македонско-бугарските односи договор е можен единствено кога ќе има сеопфатно решение што ќе ги затвори сите отворени прашања, низ јасна временска рамка и што ќе значи безусловно кревање на ветото кое што го има ставено Бугарија за отпочнување на првата меѓувладина конференција за Република Северна Македонија со ЕУ.