al palpojo 2020

Актуелно

01 Мај 2022

По повод 1 Мај – Меѓународниот Ден на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

26 Април 2022

На тематска седница посветена на одбележување на достигнувањата на Владата и министерствата во првите 100 дена од работењето, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека во услови на здравствена криза квалитетните здравствените политики се висок приоритет. Тој подвлече дека во интерес на граѓаните основна тенденција е да се обезбедуваат сѐ повеќе лекови без доплата и дека е постигнато намалување на цените на одредени лекови преку успешни преговори со фармацевтските компании.

25 Април 2022

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор.

23 Април 2022

Цените на станбениот и деловниот простор во Охрид ги надминаа сите очекувања. Побарувачката веќе неколку години е поголема од понудата, а по војната во Украина и поскапувањето на градежните материјали обичните граѓани не можат ниту да помислат за купување на стан. Цената на метар квадратен станбен простор во центарот на градот е од 1.500 до 2.000 евра, додека деловниот простор во зависност од локацијата се продава од 2.500 до 6.000 евра за метар квадратен.

19 Април 2022

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.

18 Април 2022

Со мнозинство гласови „ЗА„ советниците во Советот на општина Охрид ги усвоија сите точки од дневниот ред на  денес одржаната 10-та Седница. На предлог на градоначалникот Кирил Пецаков, дневниот ред беше дополнет со Предлог – Одлуката за  партиципација  и сопствено учество  на Општина Охрид  во проектот  „Изработка  на проектно – техничка документација  за пат  од село  Лескоец  до селата   Горно  и Долно Лакочереј.

18 Април 2022

Генералниот штрајк на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ќе продолжи и во деновите што следуваат. Советот на СОНК на вчерашната седница одлучи да го одбие предлогот на Владата за 10 проценти покачување на платите за прекинување на штрајкот кој почна на 11 април.

17 Април 2022
И покрај економската и енергетската криза сместувачките капацитети на охридското крајбрежје во текот на велигденскиот продолжен празничен викенд ќе бидат солидно исполнети. Најбројни ќе бидат домашните туристи, но ќе ги има и од соседните земји. Според најавите за првомајските празници бројот на туристите од земјава и странство ќе биде поголем.
14 Април 2022

Ограничувањето ќе трае до 31 мај. Причината за ваквата мерка е зголемената побарувачка која предизвика празнење на рафтовите во продавниците.

13 Април 2022
Заменик-претседателот на владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска беше во посета на компанијата „Костал“ во Охрид на која оствари средба со менаџментот на компанијата, Главниот оперативен директор и член на УО на „Костал“, Хансјорг Херман, Кристијан Клеин извршен потпретседател и Генералниот директор на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо.
Страница 10 од 176
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter