al palpojo 2020

Потпишан договор за поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

06 Декември 2022

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан - Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан присуствуваше на потпишување на договор за пониски роаминг цени. Со овој договор од идната 2023 година Република Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија.

Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

Денешното потпишување на договорот е уште една силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот.

Публицитет.мк 

Прочитано 309 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter