al palpojo 2020

Пристигнува 2023...

31 Декември 2022

Жителите на Киритимати, атол кој припаѓа на архипелагот Кирибати, први во светот ја дочекаа новата 2023 година во 11 часот според средноевропско време.

 

Новата 2023 година веќе пристигна на другата страна на светот. Први ја дочекаа жителите на малиот атол Киритимати кој припаѓа на островскта држава Кирибати во Тихиот океан, 13 часови пред земјите со средневропско време. Коралниот остров Киритимати од 388 квадратни километри има само неколку илјади жители.

За првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусот, и туристи можеа да присуствуваат на првиот дочек на Новата 2023 година. Границите на полинезискиот архипелаг беа главно затворени за странци од март 2020 година. Кирибати дури во август повторно почна да пречекува меѓународни гости. Кирибати се сместени во централниот дел на Тихиот океан околу 4.000 километри југозападно од Хаваи.

Република Кирибати е островска држава чии 33 атоли - корални острови, се простираат на над 1.351.000 километри квадратни во пределот околу екваторот. Државата припаѓа на земјите од Комонвелтот и има околу 103.000 жители кои се населени на 21 остров.

Традиционалниот новогодишен огномет во СиднејТрадиционалниот новогодишен огномет во Сиднеј
Традиционалниот новогодишен огномет во СиднејФотографија: DAVID GRAY/AFP

Еден час по Кирибати, новата година ја дочекаа жителите на Самоа и Нов Зеланд а следуваат  Австралија, Јапонија, Индонезија, Кина, Индија и други азиски земји, потоа Европа и Африка, а потоа и двата американски континенти.

„Целиот круг“ завршува  на Пацификот - Хаваи, Американска Самоа и островите Мидвеј ќе бидат последни кои ќе ја пречекаат 2023 година. 

Кинезите, за разлика од другите жители на земјината топка, се прилично рамнодушни кон дочекот на 1 јануари, бидејќи имаат своја Нова година, која ја слават 15 дена. Првиот ден од кинеската Нова година започнува на младата месечина, која се јавува помеѓу 21 јануари и 20 февруари.

Извор: www.dw.com 

Публицитет.мк 

Прочитано 273 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter