al palpojo 2020

17 март е Ден на крводарителството и Ден на Црвениот крст

17 Март 2023

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст - Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува во текот на секоја година. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст - Охрид и службите за трансфузиона медицина, со организирањето на крводарителски акции во текот на целата година, се задоволуваат  потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.

Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.

Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст, Црвен крст - Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст - Охрид, денес 17 март, со почеток во 13.00 ч., на која ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2022 година.

Особена благодарност Црвен крст – Охрид  упатува до медиумите за придонесот во унапредувањето и развојот на крводарителството во земјава.

 

Публицитет.мк

Прочитано 29 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter