al palpojo 2020

Конечно одблокирана сметката на Општата болница во Охрид

08 Мај 2023

Иако сè уште има долгови охридската Општа болница конечно ја одблокира својата сметка. Тоа е добра вест за охриѓани, но и пред туристичката сезона, бидејќи се работи за здравствена институција во којашто преку летото се лекуваат и поголем број странски туристи. Охрабрува и веста дека започна да се решава проблемот со недостиг на лекари специјалисти...

По скоро две години е одблокирана сметката на Општата болница во Охрид што е резултат на домаќинското работење и финансиската поддршка од Фондот за здравство и Владата. Тоа ќе овозможи нормално функционирање на оваа здравствена институција која и во изминатиот период работеше без застој благодарение на трпеливоста на добавувачите.

„Долгот е намален за околу 1 милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел. Ова е многу важно, бидејќи охридската болница е регионален центар, каде преку летото бројот на пациенти се зголемува за една третина, бидејќи Охрид е туристички центар и во него престојуваат голем број домашни и странски туристи на кои мораме да пружиме квалитетни здравствени услуги“, изјави Асен Шајн, директор на Општа болница – Охрид.

Во изминатите 8 месеци во болницата се вработени 32 лица од кои најголемиот број се медицински кадар, меѓу кои се 10 лекари, што треба да придонесе за зголемување на квалитетот на услугите.

„После подолг временски период од Општа болница Охрид се испратија 9 нови доктори на специјализација. Со ова почнуваме да правиме планско пополнување на одделенијата со дефицитарни специјалисти доктори, како што е педијатрија, анестезиологија, инфектологија и ќе продолжиме со праќање на нови доктори на специјализација“, истакна Шајн.

Со оглед на тоа што во изминатите децении во болницата имаше недостиг од доктори специјалисти охрабрува најавата дека до крајот на годинава на специјализација ќе бидат упатени уште 10 млади лекари.

Извор: www.mrt.com.mk Сашо Нелоски

Публицитет.мк 

Прочитано 383 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter