al palpojo 2020

12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари

11 Мај 2023

    Во рамки на Меѓународната недела на сестринството, 5 мај Меѓународен ден на акушерките и 12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, 09 мај се одбележува како Меѓународен ден на студентите по сестринство.

 ses 1 copy copy

 

Темата на Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари за 2023 година гласи:            

Нашите медицински сестри.                                               

Нашата иднина!

Инвестирај, заштити, почитувај, вреднувај.

 

ses plakata

Фокусирањето кон „посветла“ иднина на професијата медицинска сестра, може да помогне во подобрување на глобалното здравје.

Добиените лекции за време на пандемијата со корона вирусот потребно е да се преточат во активности за иднината кои ќе обезбедат медицинските сестри да бидат почитувани и ценети, а воедно и заштитени, затоа што безбедноста на медицинските сестри е основниот чекор кон успешно реализирање на својата професионална дејност и секако основно човеково право на секој поединец.

Националниот ден на студентите по сестринство се одбележува во склоп на  Националната недела на сестринството на 9-ми Мај со цел оддавање на почит на студентите кои одбрале својата кариерата да ја градат во областа на сестринството.

Секоја година расте потребата за медицински сестри, а сега повеќе од кога и да било се потребни медицински сестри кои ќе бидат посветени и ќе одговорат на позивот на една од најблагородните професии. Нивната желба да се грижат, да учат, да се усовршуваат и специјализираат за давање на здравствена нега ќе направи разлика во животите на милиони поединци и семејства.

Студентите по сестринство треба да научат дека ако во сестринството не се напредува секоја година, секој месец, секоја недела, тогаш назадуваме!

Квалитетното општо, а потоа стручно образовние на медицинските сестри се основни услови за промовирање на добро сестринство.

Кај студентот треба да се развијат чувството на критичност, самокритичност, одговорност и објективност.

Студентите потребно е да поседуваат знаење, вештини, хуманост и креативност, затоа што тие се иднината на нашата професија, и само така ќе го водат општеството во подобро здравје!

ses 2

Огромна благодарност до нашиот познат уметник и хуманист Живко Поповски Цветин, кој што во чест на одбележувањето на Националниот ден на студентите по сестринство, подари уметничко дело, Цвеќе на мирот и хуманоста, со порака студентите по сестринство да ја продолжат својата мисија и да ги мотивираат помладите генерации да ги следат нивните чекори, затоа што да се биде медицинска сестра значи да се биде хуман!

Со почит,

Цветанка Невчева (Атанасовска)

Претседател на Македонската секција на студенти по сестринство (MSSN)

Прочитано 400 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter