АЛПОЈО – Охрид: Во трговската мрежа во регионов побарајте го кафеавиот шеќер ДЕМЕРАРА. Направете замена на белиот со кафеав шеќер и телото ќе ви биде благодарно и далеку повитално. Со замената на шеќерот ќе нема потреба да се откажете од вкусните и слатки задоволства.
Тирамису во чаша
Од наведенава количина на состојки излегуваат 4 чаши. Најнапред го приготвуваме кафето, го мешаме со шеќерот и ликерот. Портокалите ги лупиме, чистиме од белите жилички и ги сецкаме на не многу ситни парчиња. Маскарпонето го миксираме со шеќерот во прав. На дното во секоја чаша ставаме по две кршени пишкоти. Попрскуваме со по 1 лажица од кафето. Ставаме од портокалите. Наросуваме од лешниците. Ставаме од сирењето. Постапката ја повторуваме уште еднаш. Завршуваме со лешници. Оставаме во фрижидер убаво да се излади и послужуваме. На здравје!
Вкусен чоколаден колач (без миксер, без печење)
Брз, едноставен, лесен за подготовка, колач од типот без миксер и без печење.....))) Спој на чоколадо и лешник.... Млекото на кратко се зоврива со шеќерот. Се трга од оган, се додава маргаринот и чоколадото.Се меша додека целосно се стопат. Искршените бисквити ги ставаме во сад заедно со лешниците, чоколадото во прав. Ги полеваме со течната смеса.Изедначуваме.Ја распоредуваме во намрсен калап со откопчување. Во дел од млекото ги раствораме пудингот и брашното. Остатокот го зовриваме со шеќерот. Го додаваме растворениот пудинг и вариме до потребната густина. Во жешко го додаваме чоколадото и мешаме додека се растопи. Излеваме врз подлогата од бисквити. За глазурата го топиме чоколадото над пареа со млекото и маслото. Малку да излади и полеваме врз веќе малку оладениот и стегнат пудинг. Оставаме да се лади на собна температура,проросуваме со малку мелени лешници, па потоа префрлуваме во фрижидер до целосно изладување и стегнување на колачот. Сечеме по желба. На здравје!
Вафли со кафеав шеќер
Се матат јајцата со солцата, шеќерот, па се додава маслото, потоа јогуртот, млекото.На крај се додава брашното помешано со пецивото. Се изедначува смесата. Се остава смесата да одмори 10 на минути, па се печат. Убаво се загрева апаратот за вафли, се премачкува со масло, се излева по 1,5 лажица од смесата и се печат додека поруменат од двете страни. Се послужуваат со додаток по ваша желба. На здравје!
Публицитет.мк