Аргументи за
Со цел поблиску да ја доближам ваквата материја (пред сѐ, до авторите) се одлучив, во неколку наврати, да објавам стручни сознанија, а во врска со поимите, дефинициите и институтите, поврзани со авторското право. Целта ми е авторите да се стекнат со основни знаења (и информации) за попрецизно да ги толкуваат истите.
Авторското дело е индивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од другите области на творештвото, независно од видот, од начинот и од формата на изразување.
Да си човек меѓу луѓето, што извира од самата природа, го истакнувал во своите дела Платон (427 – 347 год. пр. н. е.). Не постои филозоф, кој се сметал себеси за таков, или мислител во историјата, кој би се сомневал во оваа потреба. И покрај тоа, со падот на класичниот свет, оваа очигледна потреба стана условена од силни теолошки, политички и општествени или едноставно економски струи.
Алкохол? Забранет. Цигари? Забранети. Порнографија на интернет? Исто така забранета за деца, но премногу лесно достапна. А последиците се фатални...
Денес православните христијани го слават празникот Прочка. Секогаш помладиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, се проштаваат и пријатели, роднини, соседи. Постарите сакаат да ги научат помладите да се почитуваат и искрено да ги љубат ближните. Убава можност да се видат, да побарааат прошка но и да си посакаат здравје и среќа. Тоа е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
По повод Новогодишните и Божикните празници излезе од печат монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“. Тоа е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија.
Ве молиме, со искрена почит према вашиот медиум, да ја објавите оваа фото сторија со цел да алармираме и побудиме малку професионална одговорност, но пред се човечност кај одговорните од Општина Охрид со цел да ги добиеме правата на цивилизирано битисување, замислете, во 21-ви век.
Фотографијиите сами за себе зборуваат колку се штеди електрична енергија. Уличните светилки во Охрид, денес 9. XI 2022 год. се запалени и во 9 часот предпладне? Немам коментар. Што мислите?
Бубачки во глава е многу стар израз. Кога ќе кажеме за некого дека има бубачки во глава, основното значење би било дека тој не размислува разумно, објективно, туку се занесува со некој луди, необични мисли.