Аргументи за

12 Февруари 2021
Во текот на секојдневните подводни активности сме сведоци на постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро, алармираат од Нуркачкиот центар „Амфора’“.
10 Февруари 2021

Пред два  дена на  втора седница на Националната комисија на УНЕСКО членовите го разгледаа и дискутираа за Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 год.

Членовите на Националната комисија усвоија Мислење упатено до Владата во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на Република Северна Македонија која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (43 СОМ 7В.36) од седницата одржана во Баку, Азербејџан (2019), и исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните тела ICOMOS и IUCN реализирана во 2017 година.

Имајќи предвид дека Република Северна Македонија останува цврсто посветена на зачувувањето на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија го разгледа и подетално се запозна со содржината и со постапката на изготвување на Нацрт-извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), кој ја отсликува состојбата со доброто и предлага Владата на Република Северна Македонија да го разгледа и да го усвои.

 

 UNESKO 2

Со оглед на фактот што Нацрт-извештајот претставува официјален документ на државата подготвен врз основа на информациите што ги отсликуваат комплексните состојби со доброто, преку владината процедура релевантните органи, институции и локалната самоуправа ќе имаат можност да го дадат своето мислење пред неговото официјално усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија, а со цел Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО.

Поради транспарентност и запознавање на пошироката јавност, Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (43 СОМ 7В.36), откако ќе биде доставен до Центарот за светско наследство, ќе биде јавно објавен и на веб-страницата на Министерството за култура.

Извор:МИнистерство за култура 

06 Февруари 2021

Интересот за викендичките на планинските места и покрај езерата во екот на пандемијата е нагло зголемен. Купувачи има многу, понудата е се послаба, а цените вртоглаво растат. 

28 Јануари 2021

Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари, како резултат на успешниот процес  на раздолжување.

24 Јануари 2021

На сите учецини, студенти, наставници и професори им го честитам одбележувањето на 24 јануари – Меѓунардониот ден на образованието напиша денеска на својот Фејсбук профил пратеничката Жаклина Лазаревска која воедно е и претседател на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Таа во својата објава ги наведе постинувањата на Владата предводена од СДСМ во оваа област за кои секако со носење на закони одлуки залуги имаат и пратениците од овој и минатиот состав:

21 Јануари 2021

Повеќе од еден месец земјава бележи стабилизација на епидемијата.

17 Јануари 2021

Дирекцијата за технолошко индустриски зони ги презентираше економските движења во зоните и новиот концепт и развојни планови на ТИРЗ. Анализите покажуваат дека кај компаниите во ТИР зоните има позитивен економски тренд на заздравување од кризата и потенцијал за раст, а регистриран е и зголемен број на вработени.

16 Јануари 2021

Се сеќавате ли на офталмологот  д-р Владимир Попоски кој во април минатата година до нашата редакција прати писмо преполно со емоции, фотографии и  видео од Барселона – Шпанија за време на најголемиот наплив на Ковид -19 кај нив. Тој ја прими Фајзеровата  вакцина против Ковид -19 и раскажува за личните искуства во борбата против короната и апелира во овој случај да се избегнат чаршиските муабети и граѓаните да се свртат со надеж кон победа на пандемијата со вакцинација.  

06 Јануари 2021

Новата 2021 е пред нас. Зад себе ќе оставаме година која ни го смени менталниот склоп, чувствата и комодитетот. Глобалната пандемија ни креираше предизвик кој придонесе сите ние да се замислиме како до сега живеевме а како од сега натаму ќе функционираме и егзистираме. Многумина ги изгубија работните места што е исто така демотивирачки за секој еден кој се најде во ваква ситуација ( а ги има многу вакви ). Уште по поразително е што многумина од нас ги изгубија и своите најблиски поради Ковид-19. Накрактко кажано, самодовербата во општеството доби стаклени нозе. Секој од нас на моменти има сомневања за себе и својата самодоверба. Кризата предизвика чувство на несигурност и демотивираност. Кај одреден мал број од населението личната самодоверба остана на високо ниво ( што е за поздрав и супер како лична мотивација ). Кај некои идивидуи личната самодоверба се намали ( и ова е навистина разбирливо согледувајќи ја реалната ситуација во замјава но и глобално ) а кај други пак по линија на послаб отпор скоро и да ја снема, не остана ни грам самодоверба.

22 Декември 2020

Според неделниот извештај на ИЈЗ за периодот 14-20 декември во земјава се бележи намалување на бројот на новодијагностицирани, починати и намалување на процентот на позитивни од тестирани.

Страница 10 од 46
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter