Академик Миле Д. Миќуновиќ: АМА СЕ ШТЕДИ?!
Фотографијиите сами за себе зборуваат колку се штеди електрична енергија. Уличните светилки во Охрид, денес 9. XI 2022 год. се запалени и во 9 часот предпладне? Немам коментар. Што мислите?
Штедење значи чување или одложување на материјални добра и пари.
Се разликува материјално, парично, поединечно, колективно, доброволно и присилно штедење. Посебно се запазува пропагандата за штедење преку најразлични средства за јавно информирање.
Во економијата, штедењето е резултат на одлуките на потрошувачите за распределбата на доходот и потрошувачката во однос на времето, т.е. тоа се јавува како резултат на изборот меѓу денешната и идната потрошувачка. Така, ако потрошувачот одлучи да не го потроши целиот сегашен доход, непотрошениот дел од доходот претставува штедење (заштеда).
Во речникот на македонски јазик под штедење се подразбира не троши пари.
Пишува
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид