Во Охрид: Живот во “кал до колена”….

30 Декември 2022

Ве молиме, со искрена почит према вашиот медиум, да ја објавите оваа фото сторија со цел да алармираме и побудиме малку професионална одговорност, но пред се човечност кај одговорните од Општина Охрид со цел да ги добиеме правата на цивилизирано битисување, замислете, во 21-ви век.

Сликите што ги гледате се секојдневие за станарите на улицата АСНОМ. Улица што, иако го носи името на АСНОМ улицата, или таканаречената “ПИСТА” , претставува нејзина темна опачина: без било какво инфраструктурно уредување-неасфалтирана, полна со дупки, огромни бари, неосветлена, илегален паркинг за туристи и наркомани во текот на летниот период, собиралиште на незгрижени кучиња, и најново, главна артерија по која се транспортира ископаната земја и градежниот шут од градежните активности  во населба Бејбунар.

 kal

Како станари на петте згради кои гравитираат на и околу оваа улица, во неколку наврати се обративме до градоначалникот на Општината, Пецаков, но од таму не добивме никаква повратна реакција.

Состојбата перзистира повеќе од 10 години, или со други зборови цели десет години од вселувањето, секојдневно се соочуваме со кал, дупки, ги амортизираме нашите возила, живееме со чувство на граѓани од втор ред и целосно девалвирани основни цивилизациски права, а притоа активно допринесуваме кон истите: редовно ги измируваме  нашите комунално инфраструктурни давачки.

capture 20221230 175052

Напоменуваме  дека уште пред 8 години, при вселувањето на односните згради, инвеститорите целосно ги подмириле комуналните давачки према Општината, но истата не ги испочитувала своите должности.

Со оглед дека состојбата не се менува со години, а сите трошоци за комунално и инфраструктурно уредување на улицата се подмирени, ние како станари ургентно припремаме Тужба према Општината во судот во Стразбур, при што во истата не само што ги бараме правата во однос на уредување на улицата, туку, бараме одштета од Општината по однос на нарушено човечко достоинство и право на цивилизирано живеење, како и одштета по однос на збрзано амортизирање на нашите моторни возила.

Со почит,

Претседатели на Совет на станари на згради Ул. АСНОМ, Охрид

Сашо Трајановски

Јовица Спасеноски

Константин Здравески

Охрид, 30.12.2022

Публицитет.мк 

Прочитано 147 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter