Д-р Гоце Џуклески: За поимите авторско дело и автор

21 Мај 2023

Авторското дело е индивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од другите области на творештвото, независно од видот, од начинот и од формата на изразување.

Современите технолошко технички достигнувања влијаат врз постојаното збогатување на листата на видовите авторски дела. За да се создаде едно авторско дело, претходно потребна е идеја. Ваквата идеја на авторот, доколку не е материјализирана во определена форма и е анонимна, не претставува авторско дело. Ова значи дека со материјализацијата на определено дело во определена форма е ,,завршена интелектуалната дејност на авторот,,. Како заклучок ми се наметнува  размислувањето дека авторското право ја штити само формата на изразувањето, додека идејата е надвор од заштитата, затоа што само материјализираната форма е достапна пред судот на јавноста. Во оваа насока, оценката за уметничката вредност на некое дело треба да се препушти на јавноста и на нејзината реакција. Ова е така од причини што во практиката е тешко и речиси невозможно објективно да се оцени уметничката вредност на некое авторско дело, без разлика дали таквата оцена ќе ја даде стручно лице или конзилиум од стручни лица. Затоа, според мене, еден научник правилно размислувал кога запишал ,,објективното оценување, доколку до него дојде, би се свело во суштина на субјективното,,.

За да се смета едно авторско дело како творба на духот на авторот, тоа треба да претставува оригинално дело. Тоа треба да претставува печат на личноста која се јавува како автор.

Оригиналното дело може да биде ново, но, исто така и дело кое има основа во некое друго авторско дело. За оригиналноста доволно е делото да содржи специфичности што го изделуваат од друго авторско дело. Некогаш е доволна само различна систематичност на изложувањето или друг методолошки приод, за да има таквото дело своја оригиналност. Затоа, утврдувањето на оригиналноста на едно авторско дело е фактичко прашање што се решава во секој конкретен случај одделно.

Под поимот автор се подразбира физичко лице што го создало авторското дело. Како автор на делото (изворно или изведено) може да биде само физичко лице чие име и презиме, или псевдоним, се означени на делото, додека не се докаже спротивното. Како автор на музичко обработено или на друг начин преработено авторско дело е лицето што го правело, го приспособило, музички го обработило или на друг начин го преработило делото. Лицето што создало литературно, уметничко или научно дело со употреба на народно литературни или уметнички творби, е автор на создаденото дело. Исто така, едно дело може да се создаде во соработка со повеќе лица. Во вакви случаи на сите им припаѓаат неделиви авторски права.

 

345445023 771892774490472 7565910647089271699 n

Пишува: д-р Гоце Џуклески 

Публицитет.мк

Прочитано 408 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter