АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: СЛАВА И БЛАГОДАРНОСТ НА ХЕРОИТЕ НА БРЕГАЛНИЧКАТА БИТКА
Брегалничката битка е најзначајната и најкрвава битка од Втората балканска војна, која се водела меѓу српските и бугарските сили од 30 јуни до 9 јули 1913 година во која учестввувале одреден број Црногорски и Македонски војници.
Ретко која војна во историјата временски траела толку многу кратко, а била исклучително крвава со голем број жртви на завоените страни. Важна е пораката која може да се извлече од оваа битка, особено за младите генерации да ја разберат апсурдноста на војната, за таа никогаш повеќе да не се повтори.
На 6 јули 2023 година, на спомен обележјата на Брегалничката битка, делегацијата на Црногорската заедница во Р.С. Македонија во состав на претседателот Борис Попивода и членовите: Милорад Милановиќ, Алија Реџиќ, Предраг Николиќ, Момчило Вујисиќ, Слобо Нововиќ, Славко Чукиќ, Слободан Вукичевиќ, Миле и Јелица Миќуновиќ со почит и гордост се поклонија на сенките на овие прекрасни херои кои ги вградија своите животи во темелите на денешната Македонија. Слава и благодарност до нив!
Се посети спомен училиштето со костурница во селото Цера, 12 км од Македонска Каменица, ридот Каленица во Штип, црквата свети Троица во Ново Село и селото Долно Караслари до Велес.
Народите од Балканот треба да учат од историјата, а не да ја повторуваат и на темелите од минатото да градат иднина.
Пишува:
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк