Утре во Охрид ќе се одржи мастерс квиз

06 Мај 2023

Во просториите на Универзитетот св. Апостол Павле во недела, на 7 мај во 12:00 часот ќе се одржи Мастерс квиз организиран од страна на Македонска Квиз Асоцијација. Квизот е од отворен карактер, односно не е наменет само за членовите на Македонската Квиз Асоцијација, туку за сите заинтересирани луѓе.

Имено, ве покануваме и вас како медиум, односно вашите гледачи/читатели, да земете учество во оваа кратка проверка на знаењето. Ова би била одлична можност не само за тестирање на сопствените познавања, за вмрежување и учење нови занимливости од разни области (што само по себе би било сосема доволен мотив за учество).

Што се однесува до самиот квиз, конципиран е во вид на двочасовен тест со 200 прашања од сите можни области (историја, култура, забава, животен стил, наука, медиуми, свет и спорт), поделени во два едночасовни дела од по 100 прашања, меѓу кои е предвидена кратка пауза за одмор, дискусија и концентрација пред следниот круг. Повеќе податоци и подробности (меѓу кои е и формуларот за пријава) се достапни на нашата официјална фејсбук страница:  https://www.facebook.com/profile.php?id=100075746033829 .

Се надеваме дека ќе се сретнеме со што поголем број учесници од „вашите редови“ и дека сите заедно ќе оствариме настан за паметење.

Публицитет.мк 

Прочитано 3427 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter