Трикала околу 10 години го има Божикното село кое кај нас се чини стана атрактивно и познато дури овој декември.
Индивидуално или организирано стотици Македонци а меѓу нив и многу луѓе од Охрид овие претпразнични денови се решаваат да тргнат најпрво до Метеори па до Трикала.
Трикала цели 10 месеци во годината е само попатна станица кон метеорските манастири како светска атракција, во декември и јануари е вистинско сврталиште за туристите и во градот не може да се најде сместување бидејќи хотелите се резервирани два до три месеци однапред.
Волшебното село од кое сите посетители ги носат можеби најубавите божиќни спомени стана атракција.
Старата зграда од тули, изградена во 1884 година која била фабрика за производство на леб сега има друга намена. Истата зграда, сега само завиткана со црвена панделка е место каде се кажуваат божиќните и новогодишните желби.
Во објектот со помош на џуџињата децата може да ја научат уметноста на правење леб. Во внатрешноста на зградата за печење, децата имаат можност да присуствуваат на практична работилница за леб.
Оваа магија, заедно со прекрасните приказни за самовили, џуџиња и оревокршачи кои се трансформираат во убави момчиња на Бадник, стануваат реалност во Божиќното село во Грција.
Мелницата на џуџињата има нов живот од детските бајки и сега е симбол на градот која нуди фантастично искуство, кое добива убав, едукативен карактер кој ги надминува традиционалните божиќни активности.
Во прекрасните замоци на селото ќе сретнете храбри витези и разиграни џуџиња, Дедо Мраз, но и магичен бунар што ќе ги „слуша“ вашите желби.
Овој атрактивен простор ќе биде отворен за посета до 10 јануари следната година.
Во овој парк Божиќ со себе ја носи магијата на која се надева секој од нас.
Среќни празници.