Ослободете се од надуеноста со помош на вкусниот природен лек…
Доколку често страдате од надуеност на стомакот, гасови и подригнување ви предложуваме природен сок кој може да биде решение на овој проблем…
Состојки:
– половина помал ананас
– половина главица или 2 стебленца анасон
– 2 стебленца целер со листови
– парче корен од ѓумбир 2-3 сантиметри
Подготовка:
Сите состојки измештајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба за да биде течно. Пијте го напитокот на празен стомак додека да исчезнат тешкотиите.
Анансот содржи ензими кои помагаат во варењето. Целерот спречува задржување на вода и подригнување. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обновата на цревната флора. Сите заедно, тоа е комбинација која може да ве ослободи од надуеноста на стомакот и проблемите со варењето.
Извор: www.denar.mk