al palpojo 2020

„Моќта на љубовта“ Џенифер Раш

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Велат, без љубов ништо не бива .Таа е двигател на целокупнот живот на земјата . Нејзината моќ навистина е огромна без разлика за каква љубов се работи (емотивна ,родителска,семејна, пријателска , работна...).Таа може да ги надмине сите пречки кон некава цел.Без неа, едноставно, не би постоел светот.

За неа се напишани безброј книжевни дела, снимени огромен број филмови, напишани и испеани огромен број на песни...

На една од нив ќе се потсетиме во оваа прилика. Се работи за песнта „Моќта на љубовта“ која моќно и сугестивно ја отпеа Џенифер Раш во 1984 година.

Песната е дело на Гинтер Менде, Конди Де Руж, Мери Сузан Еплгејт и Џенифер Раш.Песната била снимена во 1983 година во Франкфурт и била објавена во Западна Германија без голем успех кон крајот на 1984 година .

Но една година подоцна  синглот во јуни 1985 година бил објавен во Велика Британија а во октомври,  песната се искачува на првото место на топ листата за синглови во Велика Британија и таму останува пет недели. Нешто подоцна таа станува најпродаваниот сингл на годината во оваа земја. Воедно , таа станала  првиот женски вокал која продала милион сингл плочи во Велика Британија а плочата станала  деветтиот најпродаван сингл во деценијата.Заклучно со март 2017 година синглот бил продаден во 1, 45 милиони примероци во Велика Британија.

Песната мошне брзо ги освоила врвовите на топ листите и во неколку други европски земји (Австрија, Ирска, Норвешка и Шпанија ) но и врвовите на топ листите во Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка.Интересно е да се каже дека песната не доживеа некој голем успех во родната земја на Џенифер Раш (со вистинслко име Хајди Стерн) ,САД, каде успеа да стигне само до 57 место на топ листата на Билбоард 100.

Инаку , овој нејзин голем хит се најде како водечка нумера на нејзиниот истоимен албум кој беше издаден во 1984 година во Германија , каде всушност ги постигна своите најголеми успеси.

Песната доживеа и неколку други изведби меѓу кои и оние на американската пејачка Лора Браниген која ја стави на својот петти албум „Допир“ кој го издаде во 1987 година и канадската пејачка Селин Дион која песната ја отпеа во 1993 година за потребите на својот трет албум „Бојата на мојата љубов“ кој постигна извонреден успех благодарејќи пред се’ на песната „Моќта на љубовта“.

Се разбира овој голем хит стана дел од репертоарот и на скоро сите најпознати светски оркестри и инструменталисти.

Сето ова покажува  и докажува колку е важна и моќна љубовта .

 

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Прочитано 3462 пати Последен пат изменето на Среда, 06 Октомври 2021 20:05
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter