al palpojo 2020

Тоа беа години: „Кога те нема“ Хелена Благне

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Пред два дена, на 18. октомври , се навршија точно 36 години од одржувањето на првиот фестивал на забавна музика „Макфест“ кој се одржува во Штип а кој своето 36 то издание во континуитет , оваа година го имаше на 17 и 18 .септември, односно еден месец пред традиционалниот  термин на одржување во половината на октомври.Фестивалот оваа и изминатата година заради пандемијата се одржуваше на отворено на сцената на „Аква бела ресорт“ а од почетокот  на неговото одржување па се’ до 2010 на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов„ во Штип.

Целта на фестивалот била да го стимулира домашното творештво во создавањето на забавна музика но и да ја продолжи традицијата на одржување на фестивал на забавна музика откако во 1980 година згасна Скопскиот фестивал на забавна музика кој започна во 1968 година. Фестивалот во Штип , за разлика од оној во Скопје , кој повторно заживеа во 1994 година и траеше до 2015 година (повторно со прекин од 2002 до 2007 година), се одржува во континуитет 36 години.

Во досегашното постоење „Макфест“ продуцираше над 1000 композиции , од кои поголемиот дел станаа вистински хитови а сега евергрини .Во сите овие изминати години на него учествуваа талентирани поединци како автори на музика, текст, аранжман и изведба со што придонесоа на збогатување на музичко естрадната култура.

Фестивалот во Штип долги години беше единствениот промотор на македонската музика и надвор од државата.Имено, на првите фестивали до 1992 година на него учествуваа ,покрај македонските изведувачи, и голем број на најпознатите изведувачи од просторите на тогашната Југославија (Мики Јевремовиќ, Иво Патиера, Симона Вајс, Хелена Благне,Снежана Наумовска, Пепел ин кри,Ален Славица, Радојка Шверко, Мери Цетиниќ, Кемал Монтено, Срѓан Марјановиќ, Марина Перазиќ,Крунослав Слабинац, Тајчи, Бисера Велетанлиќ, Владо Каленбер, Исмата Крвавац, Боба Стефановиќ, Даниела Мартиновиќ, Здравко Шкендер, групата Рива, Даниел Поповиќ, Чоби,Вајта...).

Во 1993 и 1994 година беа направени обиди тој да биде и меѓународен кога имаше учество и на интерпретатори и од повеќе странски земји кои песните ги изведуваа на македонски јазик , но таа идеја не најде плодна почва .

Фестивалот „Макфест“ е член во ФИДОФ (светска федерација на фестивалски организации) со што му е овозможено да се афирмира и пошироко од Македонија.Заради добрите резултат фестивалот двапати има добиено признание а во 1997 година беше прогласен и за фестивал на годината.

 Ова членство им овозможи на  бројни автори и пејачи да настапат на големите сцени во Русија, Египет, Турцуја, Ирска, Белорусија, Романија, Франција и други земји.Со нивните настапи тие ја презентираа македонската култура пред публиката во Европа .

Фестивалска сцена во Штип беше и е место на кое настапија и настапуваат најпознатите имиња од домашната сцена(Тања Кочоска, Оливера Станковска, Зафир Хаџиманов, Трајче Манев, Калиопи, Буљана Дамјановска, Маријана и Росана, Драган Мијалковски, Ристо Самарџиев, Маја Оџаклиевска,Дарио, Лидија Кочовска, Момо Николовски, Љупка Димитровска, Раде рожаров, Драган Каранфиловски – Бојс, Дуле и Коки, Ана Костовска, Андреј Сопронов, Тоше Проевски,Олгица Христовска, Ѓоко Ѓорчев, Биба Додева, Каролина Гочева, Маргарита Христова, Елена Петреска, Џина Папс Џокси, Ѓоко Таневски, Вили, Петар Нечовски, Ефто Пупиновски ...како и групите Канео, Бон Тон ,Поп Дизајн, Силви Бенд, Ластовица, Нокаут, Камелеон, Куку леле, Ареа, Топ експрес...) .

Фестивалот „Макфест“ беше и е место за промоција на нови изведувачи , композитори, текстописци , аранжери со што стана еден вид одскочна штица за многу денес познати имиња од домашната музичка сцена. Оваа мисија ја потврди и на годинешното издание кога победи дебитантот Александар Тодоровски со песната „Под исто небо“на композиторот Ристо Самарџиев.

Враќајќи  се на првото издание на  „Макфест“ од 1986 година ве потсетуваме на победничката песна од првиот фестивал . Беше тоа песната „Кога те нема“ во изведба на словенечката пејачка Хелена Благне , која и  покрај изминатите , такаречи , четири децении се слуша со задоволство, што преставува потврда за квалитетот на она што со години наназад е создавано на овој фестивал.

Музиката за песната е дело на Кире Костов а текстот го напиша Васил Пујовски. Хелена Благне на фестивалот во Штип учествуваше уште неколкупати во 1987, 1988, 1990...

Еве ги двете победнички песни , на онаа од првиот фестивал „Макфест“ од 1986 и последниот од оваа 2021 година.

Пишува; Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

 

Прочитано 2617 пати Последен пат изменето на Среда, 20 Октомври 2021 02:10
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter