al palpojo 2020

Тоа беа години: „Три парички во фонтаната“ Френк Синатра

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Изминатата недела во Рим беше одржан самит на лидерите на групата 20 најразвиени земји во светот на кој постигнаа историски договор за реформа на меѓународниот даночен систем. На крајот од самитот , кој заврши успешно, учесниците застанаа пред фонтаната Треви и завртени со грб фрлија по една паричка во неа со желба договореното да се исполни.

Овој настан беше причина да се потсетиме на една прекрасна љубовна песна „Три парички во фонтаната“ за која музиката ја напиша Џул Стајн а стиховите Семи Кан.Се работи за насловната музичка тема од истоимениот филм од 1954 година на режисерот

Жан Негулеско, со Клифтон Веб, Дороти Мекгваер, Жан Питерс, Луис Журдан , Меги Мекнамара и Росано Браци во главните улоги.

Песната беше наградена со наградата Оскар за најдобра оригинална песна за 1954 година.

Интересно е да се каже дека Кан и Стајн биле замолени за да напишат песна за филмот која би одговарала на неговата романтична содржина која говори за три американки кои одат во Рим за да ја најдат својата љубов. И трите ,во фонтаната Треви во Рим фрлаат парички за да им се остварат нивните желби.Стајн и Кан го прифатиле предизвикот и ја напишале песната и покрај тоа што не можеле предходно да го видат филмот ниу пак да го прочитаат сценариото за него.

Песната ја завршиле за еден час и направиле демо снимка со Френк Синатра која им ја понудиле на продуцентите на филмот веќе следниот ден.Песната била веднаш прифатена и била вметната во музиката за филмот.Но во брзањето , компанијата „Твенти сенчери Фокс“заборавила да потпише договор со композиторите со што тие добиле можност во целост да ги имаат авторските права на песната.

Оригиналната изведба на песната со Френк Синатра веднаш по издавањето се искачила на првото место на синглови во Велика Британија и останала таму три недели во септември и октомври 1954 година.

Песната доживеа ивонреден успех особено по прикажувањето на филмот.Таа доживеа и голем број на изведби од најпознатите музички ѕвезди од тој период. Така таа може да се слушне и во изведба на:Мет Монро, Енди Вилијамс, Дорис Деј, Кони Френсис, Пат Бун, Плетерси, Џери Вале, квартетот „Четворица асови“, Ал Мартино, Дин Мартин, Роџер Вилијамс, Мавис Риверс, Џони Џејмс...

Такаречи сите светски оркестри оваа тема ја имаат на својот репертоар. Така таа може да се слушне во изведба на оркестрите на :Франк Пурсел, Мантовани, Пол Мориа, Каравели, Џон Персон, 101 Стринг оркестра, Франческо Анселма... како и во изведба на многу познати инструменталисти.

Сето тоа говори за квалитетите на оваа композиција но и за нејзината популарност иако се работи за музичко дело кое има 67 години

Ве потсетуваме на неа со оригиналната изведба на Френк Синатра со инсерти од филмот.

 

 

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет .мк 

Прочитано 4898 пати Последен пат изменето на Недела, 26 Февруари 2023 15:07
Повеќе во оваа категорија: « Денови како виножито - Николо Ди Бари
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter