Денес им е роденден: Ѓоко Симјаноски
13 Март 2023
Ѓоко Симјаноски,филмски и музички критичар, уметник и фотограф од Охрид.
Кога славиш 76 години од животот , најголема желба е да си здрав и жив. Се надевам дека и понатака ќе бидам во можност да бидам активен пензионер и дека и понатака ќе можам да се занимавам со сликарство , фотографија и возење велосипед. Многу желби а малку време.
Роденденот ќе го прославам со моите најмили, моето семејство, кое многу ми значи.Благодарам на Публицитет што посвети внимание за мојот роденден. Ви посакувам успешна и плодна работа.
Публицитет.мк