Денес им е роденден: Вера М Самарјанин
16 Март 2023
Вера М Самарјанин писателка и поетеса голем поддржувач на културата и хумана жена која животот го темели на тие вредности.
Ова е мојата сто и седма книга, мојот најголем подарок за мојот Роденден. Сто и седум авторски права и тоа не е само бројка. Книгите се физички тука, секој може секоја од нив да листа, а листаат, затоа што јас досега имам подарени 30.000 книги, по Библиотеки, Училишта, Старски домови и индивидуално, на љубителите на пишаниот збор во МК и Дијаспората.
Денес е мој ден, мојот Роденден,
работно нека ми врви, како секој ден,
годините се само бројка и убавини носат,
добра мисла само, Благослови да се просат.
Здравје и исполнат живот, додека сум тука,
за убавини и радости срцето нека чука,
да даде Господ здравје за моите, мене и за сите,
без насмевка да не ни врват дните.
Вера М Самарјанин
Публицитет ви благодарам за вниманието.