Денес им е роденден: Виолета Хаџи - Скерлева
Виолета Хаџи-Скерлева, екс-новинарка, непоправлива екрановка.
Дочекав уште еден роденден - веќе тоа е дострел за почит, нели?! Секој следен ми е посебен, волшебен... речиси неверојатен (во овие години тоа му доаѓа некако како бонус, секој ден, а камоли роденден ). Шегата настрана (иако црниот хумор на своја сметка ми е, онака, баш кул ) - отсекогаш сум си ги сакала родендените, сите родендени, и своите и туѓите - зашто се рачка за дружење со своите луѓе, со убавите луѓе. И зашто ги има се помалку (и убавите и родендените) и зашто тоа е најдобриот начин да го видите животот од неговата розова страна. А јас ја сакам техниката на нојот - кога не можеш ништо да промениш, сврти на розово.
Секако, јас се уште “најодговорно“ следам што има ново, на естрадата и на пошироката животна сцена (пуста екс-професионална деформација ), ама со ведра, розова насмевка. И од безбедна “илегала“. За моја лична, себична среќа - опкружена со се’ уште таман толку колку што се таман луѓе со слично поимање на животот. Кој е само еден. И нема реприза. Ниту генерална проба.
И така, со најубав поздрав до мене најпогодениот охриѓанец (Милчо, немој случајно да си го скратил ова!!!) - се читаме на следниот роденден... сите на број, се надевам. Наздравје!!!
Публицитет,мк