Денес им е роденден: Иван Трпоски
Иван Трпоски - писател и поет од село Волино, а живее во Сиднеј, Австралија.
По повод мојот 81 роденден сакам да ве информирам како и дали се прославуваа роденденовите во старите наши времиња.
Најпрво ние не знаевме ни што се родендени, зашто никогаш не прославувавме па да ги знаеме. Нас не крштеваа на световни имиња кои беја најблиску до родендените, и поради празниците ни доаѓаа роднини и пријатели да ни ги честитаат имендените. Но никој не ни носеше подароци или да чекаат ручеци, а најмалку да се сечат колачи или
да дуваат свеќи, како што се прави во поновово време. Сега се заборавија имендените, зашто веќе ги нема старите световни имиња, новите имиња не одговараат на нашите световни
празнични имиња, поради тоа се премина на роденденски прослави, каде се носат подароци, се пие, јаде, лумпува, се дуваат свеќи, сечат колачи... се празнува на големо.
По раѓањето на внуката Лана Јошеска (18), чиј роденден е блиску до мојот, по два дена, а на другиот дедо, Здравко (74), исто така два дена по нејзиниот, така ние заеднички ги славиме родендените на исто место и со еден мастрав, трошак. Овој пат ќе прославуваме во сабота, во скромен ресторан и на скромен начин.
Кога сме кај родендените да спомнам дека колегите од Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј,
нас со колегата Перо Дамчевски - Коцин со кој сме врсници, но тој е постар еден ден од мене, ни прославуваат
првиот петок по родендените во нашите друштвени простории.
Благодарам на отстапеното место и поздрав до читателите на порталот „Публицитет“ и уредникот Милчо Јованоски.
Публицитет.мк