
Тоа беа години 159
Тоа беа години: „Три парички во фонтаната“ Френк Синатра
Среда, 03 Ноември 2021 10:03 Напишано од АдминистраторИзминатата недела во Рим беше одржан самит на лидерите на групата 20 најразвиени земји во светот на кој постигнаа историски договор за реформа на меѓународниот даночен систем. На крајот од самитот , кој заврши успешно, учесниците застанаа пред фонтаната Треви и завртени со грб фрлија по една паричка во неа со желба договореното да се исполни.
Деновиве беше објавена веста дека следната година Песната на Евровизија ќе се одржи во Торино и дека на неа ќе учествува и Северна Македонија.Како што е познато, оваа година на овој музички натпревар победија преставниците на Италија со групата „Манескин“и со тоа го стекнаа правото и одговорноста да ја организираат оваа манифестација во својата земја.Организаторот на натпреварот е јавниот радиодифузер РАИ кој го избра Торино како град во кој ќе се организира и одржи овој голем настан. Одлуката за ова паднала откако овој град понудил најдобри улови од сите 16 конкуренти.
Тоа беа години: „Кога те нема“ Хелена Благне
Среда, 20 Октомври 2021 02:05 Напишано од АдминистраторПред два дена, на 18. октомври , се навршија точно 36 години од одржувањето на првиот фестивал на забавна музика „Макфест“ кој се одржува во Штип а кој своето 36 то издание во континуитет , оваа година го имаше на 17 и 18 .септември, односно еден месец пред традиционалниот термин на одржување во половината на октомври.Фестивалот оваа и изминатата година заради пандемијата се одржуваше на отворено на сцената на „Аква бела ресорт“ а од почетокот на неговото одржување па се’ до 2010 на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов„ во Штип.
На 10. октомври се навршија точно 59 години од премиерното прикажување на филмот „Др. Но“кој ги следи авантурите на тајниот агент во служба на нејзиното Височество, именуван како тајниот агент 007 односно Џејмс Бонд.Од тогаш па досега се снимија уште 24 филмови а последниот „Не е време за умирање“ премиерно беше прикажан во Лондон на 28.септември оваа година.За популарноста на филмовите од оваа франшиза доволно говори самиот податок дека таа трае цели 59 години и дека овој серијал поврза многу генерации на љубители на овој филмски жанр.
Велат, без љубов ништо не бива .Таа е двигател на целокупнот живот на земјата . Нејзината моќ навистина е огромна без разлика за каква љубов се работи (емотивна ,родителска,семејна, пријателска , работна...).Таа може да ги надмине сите пречки кон некава цел.Без неа, едноставно, не би постоел светот.
Пред десетина дена познатото музичко списание „Ролинг Стоун“ја објави својата најнова лиата на 500 најголемите песни на сите времиња. На врвот на оваа листа се најде песната “Почит“ во изведба на кралицата на соулот , Арета Френклин.
Денес ,настапува есента која ,календарски ќе трае до 21 .декември кога настапува календарската зима.
Деновиве скоро сите медиуми објавија едnа мошне пријатна вест од светот на музиката.Имено, по такаречи цели 40 години легендарната шведска група АББА повторно се врати на листата Топ 10 синглови во Велика Британија со една композиција од нивниот нов албум „Патување“кој треба да излезе на 5. ноември. Песната „Не затворај ме“директно влезе на 9.место на британската листа. Оваа песна е втора најмногу симнувана песна во изминатата недела која е е превземена на стриминг 2,3 милиони пати.
Вчера на 7.септември познатата американска пејачка Глорија Гејнор го прослав својот 78 роденден.Во светот на музиката ќе остане запаметена по нејзините музички хитови од ерата на диско музиката.Токму на еден од нив ќе ве потсетиме во оваа пригода. Се работи за песната „Јас ќе преживеам“ од 1978 година која стана светски хит особено во дискотеките ширум светот каде стана популарна химна.
Еден од најдобрите и најквалитетните фестивали на забавна музика во бившите југословенски простори секако е Фестивалот на забавна музика Сплит кој оваа година се одржа по 61 .пат во периодот помеѓу 8 и 10 јули. На фестивалот беа исполнети 25 нови песни кои беа во изведба на познати изведувачи од Хрватска.