Четири земјотреси минатат ноќ се регистрирани во Охридскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Првиот земјотрес, со магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во 2.12 часот. Два часа подоцна, во 4.16 часот е забележан потрес со магнитуда 2,7 степени според Рихтеровата скала, а по 21 минута уште еден, но посилен земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.
Последниот земјотрес е почувствуван во 4.39 часот, со јачина од 3,3 степени, јави агенцијата Мета.
Проф.д-р Ивица Милевски
Од 18 јуни охриѓани живеат под постојан стрес, тогаш првпат започна да се тресе тлото под Охрид.
Од тогаш до денес регистрирани се повеќе од 1.200 земјотреси. Најсилниот се случи на 3-ти јули со магнитуда од 5 степени по Рихтер. За среќа стигнуваат и смирувачки вести.
-Охридскиот регион влегува во фаза на смирување и секој ден, очекуваме генерално намалување на зачестеноста и силината на земјотресите. Тоа што за 23 дена се регистрирани над 1200 потреси значи дека имало огромна акумулирана енергија, која за среќа се распореди преку серија на главно слаби до умерени земјотреси, наместо неколку силни или еден многу силен со магнитуда од 6 до 6.5 степени кој би бил и многу по разорен.
Инаку, нашата SAR сателитска интерферометрија покажа одредени поместувања и деформации на теренот и до 1,5 метри што говори за вкупната збирна сила на сите трусови во регионот, вели професор д-р Ивица Милевски, од Природно – математичкиот факултет во Скопје со кого ексклузивно за СБС на македонски разговараше Милчо Јованоски:
Со клик на линкот подолу ,слушнете го интервјуто во целост:
Извор; www.sbs.com.au