Ана Булоска Рилкоска,професор по пијано во ООМУ “Методи Патче”-Охрид.
Уживам во свеченоста што ја носи денешниот голем и светол празник Христовото раѓање Божик а воедно и мој роденден. Иако секоја година ритуалот на овој ден ми е речиси ист, подеднакво ми е убав и посебен- наутро одењето во црква со семејството ,заедничкиот ручек со најблиските ,телефонските честитки преку целиот ден …
Публицитет ви благодарам за секогаш укажаното внимание,да сме здрави и живи и во Новата година,вам и на вашите читатели ви наздравувам со неколку стихови од мојата омилена поетеса Ана Бунтеска :
Со песна чашите угоре да ги кренеме
За годината што доаѓа
За секоја капка надеж што ќе ја испиеме
За секој залак храброст кој ќе го вкусиме
За сите искушенија кои пред врата ни се сместиле
И за убостите со кои ќе се заблажиме
Угоре чашите за годината што доаѓа
И угоре главите за да ја минеме лесно
Угоре мислите светли за да не се изгубиме во темнина ?
Публицитет.мк