Ана . Д. Божиновска од Куманово. Дипломиран професор по македонски јазик и компаративна книжевност. Поет во душа и слободно време.
Реалистите веруваат дека роденденот значи една година повеќе . Песимистите тврдат дека се само разлог за прослава . Оптимистите во роденденот гледаат можност за нов почеток , за нив рорендените се како лична Нова година . Во една прилика прочитав многу инспиративна реченица ; “Изговорите се лага со која се лажеме самите ” Јас животот го живеам без изговори и предрасуди. Малите работи за мене имаат големо значење : радоста и насмевката , тагата , убавиот сончев ден, добрата книга пријателско кафепиење . . . се она на што помислувам кога ќе речам – живот – . Родендените несебично им ги посветувам на моите најблиски и најсакани и моите пријатели . Понекогаш си посакувам по некоја желба , си поставувам некаква цел и насока . И . . . продолжувам понатаму. Годините отсекогаш ги гледам како обични бројки , а мене ме воодушевуваат зборови , убавата поезија , добрата книга , веселата дружба .
Публицитет.мк