д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Сефиданис е автор на четири книги од областа на ИТ, меѓу кои “Препознавање на облици со помош на вештачка интелигенција” и основач на приватен центар за истражување од областа на роботиката. Роден во Охрид на 6-ти февруари 1983 година, средното образование го завршил во Охридската Гимназија а студиите ги завршил во Италија на Природно – математичкиот факултет во Удине.