Антигона Дамоска, сопственик на приватен сместувачки објект ,,Апартментс Антигона “- Охрид.
Пред се’ на сите читатели, роднини и пријатели им ја честитам Новата 2022 . Мојата роденденска желба е насочена кон подобри и посреќни денови. Сакам Новата година сите да ја доживеат во подобро и поубаво светло, како на приватен така и на професионален план.
Среќна сум што сум родена на третиот ден од најголемиот христијански празник -Божик на денот на Светиот првомачител Стефан.
Секој ден во овој месец е благословен и си има своја симболика,убавина и значење. Пред се’ би ги издвоила имендените на моите синови Наум и Бошко. Оваа година мојот роденден со оглед на ситуацијата ќе го прославам скромно во пријатна домашна атмосфера со моите најмили. Првите честитки ги добивам од сопругот и синовите, а во текот на денот не изостануваат и честитките од моите сакани роднини и пријатели.Изгледа како стандареден ритуал, но секоја година има по нешто поубаво од претходната кое ме прави среќна.
Публицитет.мк