Аспасија Сика Јованоска….легендарната Тетка Сика од биохемиската лабораторија во познатата Маларична.
Сега пензионерка,горда мајка на двајца синови,свекрва и баба на три внучиња. Слободното време го минува со внуците претежно дома.Им се радува на средбите со братот Ставре и сестрата Катерина,како и повремените дружби со стари пријатели со кои си се посетуваат,евоцираат спомени но и разговараат за актуелните случувања.Како и секој пензионер ги користи социјалните мрежи за побрза комуникација со најблиските кои живеат во странство,а тоа се пријатели,роднини и колеги.Најмногу се радува на среќата и успесите во семејствата на нејзините деца.Како и секогаш насмеана и ведра тоа е нашата тетка Сиче.
Иако годините се многу како бројка Роденденот секогаш ми значи,прво бидејќи е на големиот празник Водици,второ затоа што го славам со најблиските и е во предвечерјето на куќната слава Св.Јован и трето и ден денес се радувам на убавата торта и подароци од внуците.
Публицитет.мк