Саво Костадиновски e мaкeдонски и германски поет, раскажувач,патописец,писател за деца и возрасни, прeвeдувач.
Моите родендени, сум ги славел на најрзличен начин, и насекаде по светот во моите 5 децении.Родендените ми биле не само повод да славам, туку и нов повод да го опишам времето.Така попатно настанаа збирките поезија „Стихувани Години“ , во која збирка имам за секоја година по една песна напишано.Симболично почнав од годината 1963 кога и јас настрадав во зремјотресот.Песната која ја напишав ми беше за домашна работа.Така настана и книгата „Патешествени Песни“ пишувани по скоро сите континенти на светот.
Овој роденден ќе патувам за Франкфурт на Мајна и таму ќе прославам со моите другари.
РОДЕНДЕНСКИТЕ ПЕСНИ
(Асмансхаузен на Рајна,30.5.2013)
Роденденските песни на поетот
не прибираат патишта
ниту места по светот
освен
тоа што можат
датумот на раѓањето
да го начекаат.
Тогаш
местото и патиштата
се и свет и пат
во животот на човекот
и во времето – време
со роденденски спомени
преку кои
патиштата ќе ги преслушувам.
Така е и со овој пат
по кој денеска поминав:
пред очи ми се отслика
како по него да беше
распослано индиго
и небаре сум ја напишал
најдолгата
роденденска поема на светот.
Саво Костадиновски e роден на 30 мај 1950 год. во село g.Ботуше – Македонски Брод, По катастрофалниот земјотрес во 1963 год. во Скопје, живее надвор од границите на Македонија. Во 1971 се доселува во Германија. Вишо техничко училиште завршил во Келн, во градот каде што од 1973 год. постојано живее. Како дводомен автор пишува лирика и проза за деца и за возрасни на македонски и на германски јазик. За неговите книжевни дела е наградуван и преведуван на повеќе јазици. Застапен е во избори, лексикони, антологии во Македонија и во Германија. Активен член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на германските писатели.
Публицитет.мк