Вчера во ОУ ОУ „Реџо Рушит Зајази“ во Кичево се одржа Регионалниот натпревар „Детски семафор-2017“ за училиштата од југозападниот дел на Македонија.
Во натпреварувачката помала категорија, најдобри резултати покажа Мартин Димитриевски од ОУ „Кочо Рацин“-Охрид. Тој го освои првото место а четвртото место го освои неговата соученичка од истото училиште Христина Вељановска.
Тимот на „Кочо Рацин“, предводен од менторот Јулија Крстева, во екипен генерален пласман го освои второто место а првото место го освои екипата на Кичево.
Според предвидените пропозиции, најдобро пласираните шест ученици во двете категории од Регионалниот, ќе земат учество на Републичкиот натпревар „Детски семафор-2017“ што во сабота, на 20-ти месецов ќе се одржи во Скопје.
Публицитет.мк