al palpojo 2020

Филмољубие

15 Октомври 2021

Во вториот дел од прегледот на нови филмови кои битребало на кино репертоарот да се појават до крајот на овој несец, ќе ви преставиме избор од уште десет филмови кои би требало да го привлечат вниманието на публиката за чие присуство од почетокот на следниот месец ќе важат нови правила , засега само во Лос Анџелес но се чини дека тие мерки ќе важат и во други градови ширум САД.

Имено, градскиот совет на Лос Анџелес на почетокот од овој месец донесе уредба со која ќе се бара од жителите на овој град да покажат доказ за вакцинација против Ковид -19 за да можат да влезат во затворени простории вклучувајќи кино сали, ресторани , спортски сали, трговски центри, кафулиња, салони за коса и нокти и други многубројни места.Се очекува новата уредба да стапи на сила на 4 .ноември.

Од кино салите не се очекува са се спротистават на оваа иницијатива , исто како што тоа го направија кога Њујорк наметна слична мерка кон крајот на летото.

Ова секако е лоша вест за кино прикажувачите  и воопшто за филмот и филмската индустрија. Но, мора да се прифати реалноста и да се живее со неа.

Еве го изборот од  филмската  понудата  до крајот на овој месец:

08 Октомври 2021

Во петокот на 1. октомври во Берлин во палатата Функтурм се одржа традиционаната церемонија на доделувањето на филмските награди кои ги доделува Германската филмска академија.

01 Октомври 2021

До крајот на оваа година остануваат уште три месеци од оваа втора пандемиска година која битно влијаеше врз сите сегменти во животот на луѓето.Меѓу најпогодените беше и сеуште е филмската индустрија заради повеќемесечното затворање на кино салите како и намалениот капацитет на посетители за една третина, потребата од потврди за вакцинација , употребата на заштитни средства ...

Најдобар пример за штетата што ја претрпе филмската индустрија можеби е последниот филм од серијалот за Џејмс Бонд  „Не е  време за умирање“чија премиера беше одлагана три пати во период од 18 месеци. Конечно премиерата на филмот беше одржана   на 28. септември во Лондон во присуство на актерската екипа и голем број на познати личности меѓу кои и членовите на Кралското семејство ,традиционално , од причина што Џејмс Бонд , нели ,работи во служба на нејзиното Височество. Филмот веднаш по премиерата започна да се прикажува во кино салите во Велика Британија а веќе од следната недела и во целиот свет. 

Освен овој филм во првите две недели од октомври во кино салите ќе се појават и други филмови за кои  ќе гпвориме овојпат.

26 Септември 2021

Синоќа, со доделувањето на наградите , заврши 69. издание на Меѓународниот филмски фестивал Сан Себастијан , кој се одржува во истоимениот град на северот на Шпанија. Се работи за еден од најстарите европски филмски фестивали кој започна на 21. септември 1953 година . Годинешното 69. Издание на фестивалот започна на 17 а заврши на 25 .септември.

22 Септември 2021

Синоќа во Битола во центарот за култура беше одржана церемонијата на доделувањето на наградите на најдобрите во рамките на 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Во неделата во Торонто заврши 46. Издание на Меѓународниот филмски фестивал со прогласување на победниците.

17 Септември 2021

Завчера , во четвртокот , со свечена церемонија во Битола  беше отворен 42.Меѓународен филмски фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“под мотото „И покра се'„.Оваа година за разлика од порано отворањето се одржа под отворено небо во простотот на пациото на Завод и музеј Битола со почитување на сите мерки на заштита од корона вирусот Ковид -19 кои се пропишани од министерството за здравство и организаторите на фестивалот.

12 Септември 2021

Со доделувањето на наградите синоќа свечено беше затворен 78. Филмски фестивал во Венеција.

08 Септември 2021

Во понеделникот на 6.септември во својата куќа во Париз почина Жан Пол Белмондо,уште една легенда не само на француската, европската туку и на светската кинематографија.

Оваа тажна вест осамна на насловните страни на многу водечки светски медиуми но и на друштвените мрежи на кои милиони почитувачи се простуваа од овој великан на филмското платно но и неговите колеги.

27 Август 2021

Изминатата година за време на пандемијата од корона вирусот , филмскиот фестивал во Венеција, беше еден од ретките кој се одржа со физичко присуство на публиката со примена на сите пропишани протоколи за заштита од вирусот кои беа пропишани од владата на Италија. Ако притоа се спомене дека токму Италија беше една од најтешко погодените земји од пандемијата , одлуката фестивалот да се одржи беше мошне храбар потег од страна на организаторите на овој најстар филмски фестивал под раководство на директорот на фестивалот Алберто Барбера.

Годинешното 78. издание на фестивалот започнува во среда на 1.септември ќе трае до 11.септември се разбира повторно со примена на сите заштитни мерки пропишани од здраствените органи на Италија меѓу кои и оној најважниот :покрај влезниот билет сите повозрасни од 12 години ќе треба да покажат важечки сертификат за вакцинација.

20 Август 2021

До крајот на овој месец остануваат уште десетина дена во кои пред публиката во кино салите треба да бидат прикажани уште десетина нови филмски остварувања. И веднаш да кажеме дека  покрај неколкуте филмови од американска продукциа кои претежно се трилери, ви претставуваме и неколку нови европски филмови од неколку европски земји кои својата премиера во кино салите ќе ја имаат до крајот на овој месец.

Според најавите кои доаѓаат од повеќе земји, за влез во кино салите ќе треба да се покаже сертификат за вакцинација. Коклу пак тоа ќе влијае врз посетеноста останува да се види во наредниот период.

Страница 5 од 53
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter