al palpojo 2020

Документарецот за Трпејца награден на неодамнешниот фестивал „Kамера 300“ во Битола го почнува својот меѓународен живот

03 Ноември 2022

Деновиве во Битола беа доделени наградите на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“. Томе Љушев – Шпанец се закити со висока награда на фестивалот. За документарецот „Трпејца“ копродукција на неговата „Шпанец продукција “ и Здружението „За Трпејца со љубов“ ја доби меѓународната плакета на УНИКА.

Филмот е работен по сценарио на Милчо Јованоски и претставува репортажа за Трпејца, животот и наследството, како живееле фамилиите во Трпејца, како се занимавале со риболов, како преживувале, и за делот под Галичица и самите тие легенди кои се раскажуваат“, вели Љушев. 

Премиерно филмот беше прикажан пред две години на деветото издание на културно - забавното лето НА ЗАЈДИСОНЦЕ во организација на  Здружението „За Трпејца со љубов“. 

Сценарио и нарација - Милчо Јованоски. 

Камера - Томе и Кристијан Љушеви

Режија Кристијан Љушев Монтажа -Spanec Production

Музика - Мартин Милески Користени песни :

"На зајдисонце" Методија Баракоски Текст: Милчо Јованоски Аранжман- Јовица Каралиевски "

„Во Трпејца под Галичица" Петар Нечоски Музика и текст: Енвер Рашити Аранжман- Јовица Каралиевски

Филмот штотуку го започна својот фестивалски живот. Наградата УНИКА ни дава право да се надеваме дека наскоро документарниот филм за Трпејца ќе с енајде и на некој фестивал надвор од земјава, вели Љушев - Шпанев. 

Публицитет.мк 

Прочитано 6968 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter