al palpojo 2020

Прв настан ова лето на КИ 5 до 12 - Drive-in Cinema @Film Flow

19 Јуни 2023
Културолошката иницијатива „5 до 12“ го најави Трето издание на тридневното кино со автомобили под отворено небо, со кул филмчиња и превкусни пуканки!
ПРОГРАМА:
„СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ | 23.06.2023 (петок)
Издаден минатата година, „СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ е филм на Кристијан Ристески кој го опишува филмот како социјална драма во амбалажа на комедија и апсурд низ три приказни за три групи луѓе, една мува, едно прасе, една веце шолја и еден град, чии патишта се допираат и влијаат еден на друг.
„ПАРАДА“ | 24.06.2023 (сабота)
Комедија-драма на Срѓан Драгојевиќ, во која прашањата за ЛГБТ заедницата во Србија се обработени низ една приказна каде активисти за хомосексуални права организираат парада на гордоста, незаштитени од полицијата, па бараат заштита од група криминалци.
„НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ“ | 25.06.2023 (недела)
Филм на Иво Трајков, кој преку брилијантната црно-бела фотографија тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма која претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна.
Влезот ќе биде отворен од 19:30ч, а проекциите започнуваат во 21ч.

По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување!
Билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купите на влез.
 
Публицитет.мк 
Прочитано 762 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter